Италијанскиот калчолигаш Наполи ќе го продолжи договорот со тренерот Лучијано Спалети за уште една сезона. Клубот ќе искористи клаузула во договорот со која постоеше опција за продолжување на една година.
Тој за наредните 12 месеци ќе заработи 2,7 милиони евра. Истата клаузула постои за продолжување на договорот за уште 12 месеци по 2024 година.
Спалети пристигна во Неапол во јули 2021 година, а потоа потпиша двегодишен договор.
Оваа сезона Наполи е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, а има одличен резултат по првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, триумфираше со 0:2 на гости против Ајнтрахт Франкфурт.