Кристијано Роналдо, очигледно, нема намера да се враќа во Манчестер ниту како „цивил“, откако го поставил својот 5.5 милиони фунти вреден дом на продажба по преселбата во Саудиска Арабија.
Португалецот си замина од Манчестер јунајтед во ноември, оставајќи го домот во Елдерли Еџ, во близината на Манчестер, куќа која агентот за продажба, Џексон Стопс го опишува како „маестрално дело на модерниот дизајн“.
На посед од 93.000 квадратни метри, домот има внатрешен базен, супер-модерна теретана, тениски терени, спа и огромно кино, како и седум спални соби.