Top Sport

Румениге: Не ми се верува што направија Јувентус, си дадоа неверојатен автогол

Поранешниот генерален директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге во интервју за „Ла газета дело спорт“ вели дека бил шокиран од скандалот ос Јувентус и прикривањето на своите долгови преку лажно претставување на приходите во клубот (за што беа казнети 15 поени), оценувајќи дека никогаш не помислил дека такво нешто е возможно.

„Не ми се верува што направија Јувентус, никогаш не сум слушнал такво нешто во животот. Јувентус се врвен италијански и еврпски клуб, но сега си постигнаа неверојатен автогол. Но, сигурен сум дека по одреден период повторно ќе го изградат тимот“, вели Румениге.

Тој, сепак, немаше милост кон Јуве и нивните партнери Барселона и Реал Мадрид во контроверзниот проект на Европската Суперлига.

„Не е случајност што тоа беше идеја на три клуба со огромни проблеми со ликвидноста. Сега го сменија планот и велат дека ќе има 80, а не 20 клуба, но европскиот фудбал не може да си дозволи таква радикална промена. Треба да се смени финансискиот ферплеј, кој мора да биде построг. Клубовите се под притисок на медиумите и навивачите да трошат пари, но во моментов фудбалот е индустрија која носи само губиток“, објаснува Румениге.

Scroll to Top