Top Sport

Манчини за децата кои си ги зацрнуваат лицата да личат на Осимен: Тоа не е расизам!

Италијанскиот селектор, Роберто Манчини застана во одбрана на децата кои беа фотографирани со зацрнети лица за да личат на најдобриот стрелец во Серија А, Нигериецот Виктор Осимен на карневалската недела во Неапол.

Повеќе критичари го сметаат ова за јасен расизам, како и писателката од Неапол, Сабрина Ефионаји (исто како Осимен со нигериско потекло), која на социјалните мрежи изјави дека е несфатливо како родителите го дозволиле тоа, посочувајќи го како доказ за расизмот во одреден дел од италијанското општество.

„Секогаш кога играч со црна кожа ќе блесне во тимот, во овој случај Наполи, чувствувал лутина од начинот на кој се прославува. Од Џино Сорбило кој го обои лицето црно во знак на солидарност со Кулибали, до децата кои сте ги обоиле кафеаво во чест на Осимен. Ова не е прослава за него. Не ми е јасно како не сфаќате дека ова не е покажување солидарност и поддршка за нигерискиот фудблер“, изјави Ефионаји.

Манчини не се согласува: „Некои гледаат расизам, јас гледам само чудо. Спортот е инклузивност, а вие деца сте џинови“.

Scroll to Top