Top Sport

Чави: Да ги имавме Педри и Гави…

Манчестер јунајтед ја победи Барселона со 2:1 и со вкупен резултат 4:3 се пласираше во осминафиналето на Лига Европа.

Барселона на „Олд Трафорд“, поведе со голот на Левандовски во 18. минута од пенал, но во вториот дел Јунајтед направи пресврт. Фред постигна гол во 47. минута, а Антони во 73. минута го постави конечниот резултат.

Тренерот на Барселона Чави Ернандез го коментираше натпреварот.

„Тој гол за 1:1 ни нанесе голема штета. Тоа беше топка која требаше да ја освоиме. Згубивме многу дуели, тоа беше клучот за нашите проблеми. Не притиснаа со голем интензитет. Штета што се случи тос, бидејќи во првото полувреме го контролиравме натпреварот“, изјави Чави по натпреварот и додаде:

„Многу сме разочарани. Мислам дека добро се натпреварувавме, но имавме силен противник. Физички тие се многу силни. Да дојдеше толку брзо голот за 1:1 веројатно ќе го контролиравме и вториот дел како што тоа го направивме со првиот. Ќе беше поинаку доколку ги имавле Педри и Гави. Не барам алиби, но така е“.

Scroll to Top