Top Sport

Вест Хем оди на Кипар, Андерлехт го чека Виљареал, Лацио со АЗ

Ждрепката во Нион ги одреди двојките од осминафиналето на Конференциската лига. На прва, најинтересно изгледаат двојките Андерлехт-Виљареал и Лацио-АЗ Алкмар.

Поранешниот македонски репрезентативец, Иван Тричковски со АЕК Ларнака ќе има тешка задача во оваа фаза. АЕК за противник го доби премиер лигашот Вест Хем еден од фаворитите за титулата во ова натпреварување.

Сите парови од осминафиналето на Конференциската лига:

АЕК Ларнака – Вест Хем
Фиорентина – Сивас
Лацио – АЗ Алкмар
Лех – Ѓургорден
Базел – Слован
Шериф – Ница
Андерлехт – Виљареал
Гент – Башакшехир

Натпреварите се закажани за 9. и 16. март, освен дуелот Лацио – АЗ Алкмар кој се игра на 7. март и реваншот меѓу Башакшехир и Гент кој е закажан за 15. март.

Scroll to Top