Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола застана во одбрана на Ерлинг Халанд, кој неочекувано се најде на мета на критичарите.
Норвежанецот, не е во најдобра форма, но сепак со 26 гола е далеку пред конкурентите во Премиер лигата. Норвежанецот го криткуваат дека не учествува многу во играта на Сити.
„Треба да престанете да очекувате Халанд да игра како Лео Меси. Тој не може сам да нареди тројца, четворица играчи и да постигне гол. Ме разбирате што сакам да кажам“, изјави Гвардиола.