Top Sport

„Милионерите“ од Дортмунд ја презедоа челната позиција во Бундеслигата

Фудбалерите на Борусија Дортмунд барем до утре ја презедоа лидерската позиција во Бундеслигата. „Милионерите“, 15.победа во сезоната ја забележаа на гостински терен кај Хофенхајм. Дербито на денот се одигра во Лајпциг, „биковите“ успеаја да го победата Ајнтрахт.

Борусија Дортмунд со минимален резултат го победи Хофенхајм. Единствениот гол на натпреварот го постигна Брант во 43.минута. Со овој триумф „милионерите“ дојдоа до 46 бода во Бундеслигата. Тие сега со натпревар повеќе од Баерн и Унион Берлин се лидери на табелата.

Лајпциг го победи Ајнтрахт со 2:1, со што стигна до четвртото место и само бод заостанување зад Баерн и Унион Берлин кои ќе играат в недела.

Лајпциг одигра одлично прво полувреме. Домашните поведоа во шестата минута преку Вернер, а истиот играч учествуваше и во вториот гол, кога му асистираше за Форсберг во 40. минута.

Се очекуваше реакција на тимот од Франкфурт и тоа се случи во продолжението. Во 61. минута Ајнтрахт се врати во мечот со голот на Сова, но немаше сили да израмни.

Вердер беше убедлив во Бремен против Бохум (3:0). Домашната екипа постигна два гола во првиот дел преку Фулкруг во 29. минута и Шмит во 43. минута. Триумфот го потврди Дукш во 59 минута.

Волфсбург со 2:1 победи во Келн, а Херта со 2:0 славеше победа над директниот конкурент во борбата за опстанок, Аугсбург.

Scroll to Top