Top Sport

Атлетико со играч помалку освои бод на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид и Атлетико одиграа без победник 1:1 во 232. „Мадрилењо“. Реал со овој бод има седум помалку од Барселона и натпревар повеќе, додека Атлетико остана на четвртата позиција.

Градското дерби ги оправда очекувањата. Добивме натпревар со фино темпо, но без големи шанси за гол.

Атлетико во 64.минута остана со играч помалку кога Анхел Кореа доби црвен картон. Впечатокот е дека судијата Хесус Хил Манзано престрого пресуди во дуелот помеѓу Кореа и Ридигер.

Со играч помалку Атлетико успеа да дојде до предност. Центашутот на Гризман, во 78. минута добро го испрати Хосе Хименез и го совлада Куртоа.

Седум минути подоцна 19.годишниот Алваро Родригез, во својот втор настап во Ла Лига го постигна својот прв гол и го постави конечниот резултат.

Атлетико има повеќе причини за задоволство по дербито, по кое се чини дека Реал ги губи шансите да ја стигне предноста на Барселона.

Scroll to Top