Top Sport

Земан се врати во италијанскиот фудбал – стана нов тренер на Пескара

Зденек Земан, чешкиот тренер кој стана легенда во италијанскиот фудбал, се врати како тренер на Пескара, клуб е трет во Серија Ц – Група Ц со 28 поени заостанување зад лидерот Катанцаро.

Земан си „направи“ име во 1980-тите и 1990-тите со Фоџа, откако ги крена од третата лига до Серија А во две сезони со интересен напаѓачи фудбал и 4-3-3 формација. По заминувањето од Фоџа во 1994, тој работеше со Лацио и Рома, но си ја „уништи“ кариерата со тоа што отворено зборуваше за допингувањето во италијанскиот фудбал.

Scroll to Top