Top Sport

Капитенот на Северна Кореја беше единствениот кој гласаше за Модриќ

Лука Модриќ (37), во изборото на ФИФА за играч на годината заврши на четвртото место. Наградата заврши во рацете на лионел Меси, а пред Модриќ беа и Французите, Килијан Мбапе и Карим бензема.

Капитенот на Северна Кореја му го даде единствениот глас за најдобар. Модриќ беше избран и во најдобрите 11 за 2022 година во изборот на ФИФПро, Меѓународната асоцијација на професионални фудбалери.

Станува збор за избори на кои гласаат претставници на медиумите, селектори и капитени на репрезентациите, а се избираат од вкупно 27 номинирани – тројца голмани и осум стопери, играчи од средниот ред и напаѓачи.

Само еден капитен го избра Модриќ за најдобар играч на светот и со тоа му даде пет поени.

Станува збор за капитенот на Северна Кореја Кук Чол Јанг (29) кој на второто место го стави победникот Лионел Меси, а на третото Ерлинг Халанд.

Јанг е стопер на севернокорејскиот Хваебул, а за својата репрезентација одигра 59 натпревари и постигна пет гола.

„Голем обожавател сум на Лука Модриќ и на сето она што тој го направи за хрватската репрезентација. Пред се мислам на последните две светски првенства. Сите играчи од Северна Кореја сонуваат за сличен успех со својата репрезентација на едно вакво големо натпреварување и тоа донесе предност во ова гласање“, изјави Јанг за порталот „Индекс“.

Кај останатите капитени, Модриќ го доби второто место и трите бода Белорусија, Фиџи, Финска, Македонија, Португалија, Швајцарија, Тринидад и Тобаго, а како трет најдобар во светот го означија капитените на Ерменија, Кајманските Острови, Костарика, Еквадор, Грузија, Хонг Конг, Италија, Јапонија, Казахстан, Киргистан, Луксембург, Непал, Никарагва, Папуа Нова Гвинеја, Перу, Полска, Сиера Леоне, Сингапур, Суринам, Тајланд и Уругвај.

Scroll to Top