Top Sport

Претседателот на Сион го смени тренерот и ја презеде неговата функција

Претседателот на Сион, Кристијан Константин, отпушти уште еден тренер и реши да ја преземе неговата функција.

Од тренерите често сме слушале дека сопствениците и функционерите на фудбалските клубови премногу им се мешаат во работата и дека мислат дека подобро би се снашле.

Претседателот на Сион незадоволен од резултатите реши да го смени тренерот Фабио Селестини. Тој ќе го предводи тимот во иднина. До кога не се знае. Клубот нема така лесно да најде нов тренер поради лошата репутација што го следи Константин, па може да потрае неговата авантура како тренер. .

Во шесте натпревари кои ги водеше тимот, Селестини успеа да забележи две нерешени и четири порази.

По 22 одиграни кола, Сион е претпоследниот тим во швајцарскиот шампионат со 22 бода.

Scroll to Top