Top Sport

Кариус на пат кон Босфорот

Лорис Кариус ќе ја побара својата среќа во Турција, ако се за верување извештаите од британскиот печат. Кошмарот на „Енфилд“ ќе заврши и германскиот голман ќе биде пратен на двегодишна позајмица во Бешикташ, тврди „Дејли мирор“.

Ливерпул ја прифатиле понудата со која ќе добијат 2.25 милиони фунти за позајмицата и дополнителни 7.25 милиони фунти ако трансферот стане постојан. Кариус всушност, ќе потпише едногодишно продолжување на договорот со Ливерпул пред да биде пратен во Турција.

Репутацијата на Кариус доживеа крах во финалето на Лигата на шампионите, кога Ливерпул загубија од Реал благодарение на неговите две големи грешки, а лошата форма продолжи и на подготвителните мечеви пред стартот на сезоната.

Јирген Клоп се реши да го ангажира бразилскиот голман Алисон Бекер од Рома, а по сѐ изгледа Симон Мињоле ќе биде број 2 зад Бразилецот за кого Ливерпул плати 66 милиони фунти.

Scroll to Top