Top Sport

Мурињо: Четвртиот судија е од Торино… Сакам да го тужам

Жозе Мурињо доби уште еден црвен картон во Серија А. Португалецот беше исклучен на натпреварот во Кремона, кој неговата Рома го загуби со 2:1. Мурињо, изјавил дека му е лут на четвртиот судија Марко Сера.

Мурињо не ги обвини судиите за поразот од Кремонезе на стадионот „Зини“. Тој рече дека да заморот не може да биде оправдување. Кремонезе ја запиша првата победа сезонава во Серија А.

„Немавме среќа, примивме два гола од нивните една ипол шанса. Немавме интензитет и требаше веднаш да јго затвориме натпреварот. Фудбалерите на Рома секогаш играат на победа. Сепак, не заслуживме да победиме, но не заслуживме ниту да загубиме“, изјави Жозе Мурињо по натпреварот.

Тој не сакаше да каже зошто толку многу му се налутил на четвртиот судија Марк Сера.

„Емотивен сум, но не сум луд. Ако реагирам така, тогаш мора прво нешто да се случило. Сакам да знам дали можам да го тужам Сера. Пичини ми даде црвен бидејќи за жал четвртиот судија нема капацитет да разбере што ми кажа. Сакам да видам дали има тонски запис. Не сакам да навлегувам во тоа дека Сера е од Торино, а следниот натпревар играме со Јувентус. Тоа беше прв пат четвртиот судија да ми се обрати така. Пичинини ми рече да му се извинам на Сера. Му реков на Сера дека треба да биде храбар и да објасни што кажа, но тој имаше проблем со меморијата“, додаде Мурињо.

Scroll to Top