Top Sport

Меси добил понуда од Саудиска Арабија

Лионел Меси се уште не го продолжил договорот со ПСЖ. Аргентинецот има договор со клубот до крајот на сезоната. Медиумите не ја исклучувата можноста, Меси, да го напушти Париз.

Шпанскиот новинар Хуан Фонтес тврди дека најдобриот фудбалер во светот, во изборот на ФИФА, кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Според Фонтес, во Ал Итихад подготвиле двегодишен договор. Клубот на Меси му нуди 88 милиони евра нето по сезона.

Ниту еден клуб не може да му понуди ваков договор на Аргентинецот, прашање е само дали тој е подготвен да тргне по стапките на својот голем ривал Кристијано Роналдо и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Да потсетиме, Роналдо на крајот на минатата година потпиша договор со Ал Наср вреден 200 милиони евра по сезона, а поради него првенството на Саудиска Арабија стана гледано ширум светот.

Меси претходно беше поврзуван со трансфер во Ал Хилал. Јавно претставниците на овој клуб рекоа дека им е потребна помош од државата за да го завршат овој трансфер, а се споменуваше и цифра од 300 милиони евра.

Scroll to Top