Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил тврди дека Касемиро не е „ниту умно, ниту итро“ засилување за „ѓаволите“, и покрај тоа што Бразилецот имаше огромно влијание на играта на тимот на Ерик Тен Хаг, бидејќи клубот мора да се фокусира на договори со помлади фудбалери.
Во Касемиро, Јунајтед доби силен играч од средниот ред, нешто што им недостасуваше во последните сезони, но бидејќи има 31 година, Невил вели дека сумата од 70 милиони фунти била преголема за него.
„Чувствувам дека Тен Хаг нема да оди по големи имиња во летниот преоден рок. Ако дојдат нови сопственици, тие ќе сакааат да направат бум, да потрошат пари и мислам дека тоа нема да му одговара. Мислам дека тој ги сака тие помлади, погладни фубалери, отколку веќе комплетирани фудбалери. Касемиро го побива тоа, но ако ги видите Антони и Лисандро Мартинез, тоа е тип на играчи кои се потребни. Не верувам дека ќе оди по Килијан Мбапе. Касемиро? 60 милиони фунти? 70? И 20 милиони фунти по сезона во пет години, тоа е инвестиција од 170 милиони фунти. Не се работи за умно, ниту итро засилување ако се гледа на тој начин“, вели Невил