Top Sport

Ѓоковиќ го „збриша“ Грикспор

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ по 13-ти пат се пласираше во четврт-финалето на Дубаи шампионатот во својот 13-ти нстап, откако без мака го совлада Холанѓанецот Талон Грикспор со 6:2/6:3 по еден час и 21 минути игра.

Со оваа победа Србинот го подобри скорот во 2023 година на 14-0 во потрага на трета титула оваа сезона и седма во последните осум турнири. Ѓоковиќ се мачеше во првото коло против Томаш Махач, но денеска го крена нивото на игра, доминирајќи од почеток до крајот на мечот, губејќи само осум поен ина свој сервис. Грикспор имаше 9 аса и сервираше со 71 отсто успешност, но и покрај тоа се соочи со дури 16 брејк-топки, од кои одбрнаи 12.

22-кратниот гренд слем шампион сега го чека победникот од мечот помеѓу Полјакот Хуберт Хуркач и Русинот Павел Котов.

Scroll to Top