Top Sport

Рафаел Леао: Серија А е лесна лига, во Англија не ми се допаѓа времето

Ѕвездата на Милан, Португалецот Рафаел Леао неочекувано ја нарече Серија А како лесна лига, и во исто време изјави дека не му се допаѓа времето во Лондон по шпекулациите за трансфер во Премиерлигата.

Англиските медиуми тврдат дека новиот газда на Челси, Тод Бели е голем фан на Португалецот, и дека е подготвен да отвори преговори во текот на летото за трансфер на „Стемфорд Бриџ“. Милан долго време се обидуваат да го врзат со долгорочен договор, но нема голем прогрес. На нивна страна е тоа што Леао ја цени италијанската клима.

„Не ми се допаѓа времето во Англија. Неодамна бев на шопинг кога бев првпат во Лондон и не беше пријатно. Од друга страна, Серија А многу лесна за мене. Пред да играм тука бев во Франција, каде што имав тежок период на адаптација. Во Италија, ако си брз и имаш вештини, можеш лесно да направиш разлика“, вели Леао.

Scroll to Top