Top Sport

ПСЖ со луда пресврт-победа над Веспрем

Пари Сен-Жермен уште еднаш покажа дека е во фантастична форма во Лигата на шампионите, откако успеа да надополни негатива од пет гола на полувреме за да стигне до импресивна 37:35 победа над унгарскиот Веспрем.

Веспрем имаше неверојатно прво полувреме, во кое имаше дури и девет гола предност (16:7) против тимот на Раул Гонзалез, за второто полувреме да помине во знакот на францускиот клуб, кој направи пресврт и поведе со четири гола предност. Веспрем се врати и израмни на 34:34, пред Даинис Криштопанс со два клучин гола да ја обезбеди победата.

Елохим Пранди со седум гола беше најефикасен за ПСЖ, Унгарецот Доминик Мате додаде шест гола, додека за Веспрем, Драган Пелшамбек беше убедливо најдобар со осум гола.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 14.КОЛО
ГРУПА А
ГОГ – ППД Загреб 33:29 (20:12)
Пари Сен-Жермен – Веспрем 37:35 (19:24)

ГРУПА Б
Целје – Алборг 31:34 (15:19)
Елверум – Кил 26:26 (11:12)
Пик Сегед – Нант 28:28 (13:15)

Scroll to Top