Top Sport

„Кварацкелија е мадридиста, јас и неговиот татко сме навивачи на Барселона“

Веројатно нема играч на светскиот пазар кој во моментов привлекува толку внимание како одличниот Грузиец од Наполи, Квича Кварацкелија.

Минатото лето тој од Динамо Тбилиси пристигна во Наполи, кој води во Серија А со убедлива предност во однос на конкурентите, Милан и Интер. Со 12 гола и 15 асистенции, заедно со Виктор Осимен е најзаслужниот за брилијантните резултати на тимот.

Неговата цена според „Трансфермаркт“, скокна на 60 милиони евра и јасно е дека Наполи ќе има тешка задача да го задржи. Италијанските медиуми објавија дека Аурелио Де Лаурентис е подготвен да му понуди нов договор до 2028 година.

Неговиот менаџер Мамука Југели изјави дека Кварацхелија би сакал да заврши во Реал Мадрид, иако неговиот татко навива за Барселона.

„Неговиот татко и јас сме навивачи на Барселона, но Квара го сака Реал Мадрид“, изјави Југели и додаде:

„Да го видам во дресот на Барселона, би бил среќен. Но, тој е мадридиста. Претседателот на Наполи ме замоли да не брзам со договорот за трансфер бидејќи Квара е среќен во Наполи“.

Scroll to Top