Започна акцијата „До 50 шанси за 100.000 денари“ на Спорт Лајф, која ќе се одвива низ четири неделни етапи, од 27.02. до 26.03. 2023 година.
Во секоја поединечна етапа, од понеделник од 9 часот до недела до 23 часот, играчот кој има погодено најголем број натпревари од вкупниот број типувани на тикетот, без разлика дали тикетот е добитен или промашен, е добитник на главната премија од 100.000 денари.
Второрангираниот ќе освои месечно обложување со вредносни ваучери од 200 денари на дневна основа, а месечно обложување со вредносни ваучери од 100 денари дневно, следуваат за треторангираниот играч. Секоја неделна етапа, нови добитници.
Играчите на Спорт Лајф ги очекуваат возбудливи денови и можности да наредат и до 50 натпревари за типување на еден тикет за да освојат 100.000 денари. Минимална уплата на тикет е 20 денари, а при уплатата потребно е да ја приложат клуб картичката на Спорт Лајф.
Сите информации за акцијата и тековната ранг- листа на натпреварувачи се наоѓаат на вебсајтот на Спорт Лајф.