Пари Сен-Жермен се „силно“ заинтересирани да го донесат херојот на Хрватска од СП во Русија, Иван Ракитиќ од Барселона, но од Каталонија порачуваат дека ова нема да ги чини ефтино.
Изворите блиски до каталонскиот клуб велат дека ако некој сака да го добие Ракитиќ, процедурата е јасна – да се исплати клаузулата која изнесува астрономски 125 милиони евра. Според „Марка“, тренерот Ернесто Валверде во Хрватот гледа како кон клучен фудбалер во неговите идеи и не сака да размислува за трансфер.
Меѓутоа, ако ПСЖ се решат да „тргнат“ по фудбалерот, како во случајот со Нејмар (за кого платија 222 милиони евра), Барселона е немоќна да одговори. Единствен проблем може да биде УЕФА и нивниот финансиски фер-плеј, откако цела година ги предупредуваше „светците“ дека мора и да продаваат по големите трошоци за Нејмар и Килијан Мбапе.