Top Sport

Хорор-судир во Инди кар серијата, Викенс заглави во болница (видео)

Канадскиот Инди кар возач, Роберт Викенс е во болница со повреди на нозете, раката и ’рбетот по инцидентот на неделната трка во Поконо, која го вџаши цел тркачки свет.

29-годишниот дебитант во серијата се обидуваше да го помине Рајан Хантер-Реј, кога двата болиди се допреа и Хантер-Реј се заби во ѕидот, а болидот на Викенс се заглави со него. Откако болидот на Викенс прелета преку Хантер-Реј и удри во мрежата, дојде до силно извртување, и од болидот на Викенс остана многу малку на патеката.

Победник на трката беше Александер Роси, кој призна дека е тешко да се слави со возач во болница.

Во 2015 година на истата патека, Џастин Вилсон загина од повреди на главата откако делови од болидите кои се удрија пред него го удрија директно во главата.


Scroll to Top