Top Sport

Комисо: Јувентус не помина толку добро со ангажиманот на Влаховиќ

Претседателот на Фиорентина Роко Комисо тврди дека клубот од Фиренца завршил одлична работа кога минатата година го продаде Душан Влаховиќ на Јувентус.

Влаховиќ во 2018 година пристигна во Фиорентина од Партизан за три милиони евра. Српскиот напаѓач минатата година се пресели во Јувентус, а клубот од Фиренца од овој трансфер заработи 82 милиони евра.

„Плативме 15 милиони евра за Кабрал и Лука Јовиќ. Заедно постигнаа 20 гола во три натпреварувања оваа сезона. Влаховиќ даде десет гола за Јувентус, два од нив беа од пенали. Заработивме 70 милиони евра, можам да кажам дека ние завршивме добра, работа. Јувентус не поминаа толку добро“, изјави Комисо.

Првиот човек на Фиорентина објасни дека во јануари минатата година не можел да го убеди Влаховиќ да остане во клубот, бидејќи српскиот напаѓач инсистирал на трансфер во Јувентус.

„Тој сакаше да замине во Јувентус, направи се за тоа да се случи. Реков дека со тие пари ги доведовме Кабрал и Јовиќ. Направивме одлична работа, а Јувентус не помина толку добро со ангажирањето на Влаховиќ, тоа се фактите“, заклучи Комисо.

Влаховиќ во дресот на Јувентус одигра 44 натпревари и постигна 19 голови.

Scroll to Top