Ашраф Хакими е обвинет за силување, открија за агенцијата АФП од обвинителството во Нантер, Франција. Ниту ПСЖ ниту Хакими, изминатите денови не беа достапни да ги коментираат обвинувањата.
„Ле Паризиен“, кој прв ја откри дека се води истрага против Хакими, објави дека 24.годишната жена отишла во полиција во неделата и го обвинила Хакими дека ја силувал во саботата, неговиот дом во близина на Париз.
Овој извор, наведува дека младата жена не поднела официјален извештај, но обвинителството сепак одлучило да го истражи случајот.
Комуникацијата меѓу Хакими и девојката која го пријавила наводно започнала на 16 јануари преку „Инстаграм“.
Во саботата, на 25 февруари, девојката требало да оди во неговиот стан, а фудбалерот на ПСЖ и испратил такси. Таа во полиција изјавила дека нивната средба излегла од контрола. Според нејзините тврдења, тој ја бакнувал, ја соблекол и имал секс со неа и покрај нејзиниот отпор.
Девојката потоа наводно се тепала со него и го оттурнала и успеала да испрати порака до една од нејзините пријателки да дојде да ја земе.
Откако обвиненијата за силување протекоа во јавноста, сопругата на Хакими реши да се разведе од него. Имаат две деца.
Мароканецот Хакими не играше на натпреварот минатиот викенд бидејќи веќе извесно време е повреден. Според „Трансфермаркт“, тој вреди 70 милиони евра, а ПСЖ го донесе од Интер за 68 милиони пред 18 месеци.