Top Sport

Премиер лигата повторно да ги провери сопствениците на Њукасл

Една од приказните што деновиве ги интересира британските медиуми е повикот до Премиер лигата да го разгледа преземањето на Њукасл јунајтед од Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија.

На челниците на Премиер лигата им беше препорачано да ги преиспитаат гаранциите од продажбата на Њукасл и тврдењата на новите сопственици дека државата Саудиска Арабија нема да има удел во клубот.

Препораката е дадена откако се појавија нови документи на судењето во САД.

Новите документи кои повторно излегоа на површина го поставуваат прашањето за вистинскиот сосптвеник и реалниот капитал кој стои зад Фондот за јавни инвестиции во сопственост на претседателот на Њукасл Јасир ал-Румаин.

Документите се појавија во случајот со Фондот за јавни инвестиции и ЛИВ Голф, а тие тврдат дека фондот е директно под влијание на државата. Еден од клучните доказе дека тоа е така е фактот што Ал Румаин е еден од министрите во владата на Саудиска Арабија.

Премиер лигата го одобри преземањето на Њукасл во октомври 2021 година по долга сага и бројни проверки и откако доби „правно обврзувачки гаранции дека фондот на кој било начин не е поддржан од државата и дека државата нема да има контрола над клубот“.

По новиот развој на настаните, Амнести интернешенел побара од Премиер лигата да ја разгледа продажбата на Њукасл.

Scroll to Top