Нејмар нема да биде во можност да им помогне на соиграчите во реваншот против Баерн во Лигата на шампионите. Тренерот на „светците“, Кристоф Галтие, откри дека Бразилецот ќе ги прошпушти и наредните два натпревари.
Нејмар се повреди на 19 февруари, на натпреварот против Лил. Бразилецот, тогаш со солзи во очите и на носилки го напушти теренот. Нејмар ја обнови повредата која ја доби на Светското првенство во Катар, во првото коло против Србија, поради што не играше против Швајцарија и Камерун.
„Нејмар нема да биде достапен за следните два натпревари. Тој е еден од најдобрите стрелци и асистенти во Лига 1, тоа е голема хендикеп за нас“, изјави Галтие.
Бразилецот оваа сезона одигра 20 натпревари во Лига 1 и постигна 13 гола со 11 асистенции. Тој има и два гола и две асистенции во шест натпревари во Лигата на шампионите.
ПСЖ ќе му гостува на Баерн на 8 март. Првиот меч одигран во Париз го добија фудбалерите на Баерн со 1:0.