Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром стигнаa до многу важна победа во АБА лигата откако во „Јане Сандански“ го совлада тимот на ФМП со 87:82. Тимот на Драган Николиќ сега има значителни поголеми шанси за да обезбеди опстанок во регионалното кошаркарско натпреварување.
МЗТ Скопје многу лошо стартуваше, ФМП обезбеди двоцифрена предност (2:14), но постепено тоа го анулираше, по првиот период имаше четири негатива (13:17), а потоа и мина во водство (20:19).
Неизвесноста продолжи и во втората четвртина, па на полувреме ФМП имаше три поени предност (35:38).
Сепак, одличната трета четвртина беше пресудна за триумфот на МЗТ Скопје Аеродром. Домаќинот ја доби со 30:18 и обезбеди солидна предност.
На една минута до крајот, МЗТ имаше 84:79 и успеа да го приведе мечот до крај. Кефи постигна 26 поени за победничкиот тим, а Дастин Вер додаде 13.
Ебука Изунду со 18 кошеви беше најефикасен кај ФМП.