Лидер на табелата во Премиерлигата, тимот на Арсенал, го прими најбрзиот гол оваа сезона. По само 9,11 секунди, гостите од Борнмут успеаја да ја затресат мрежата на „топчиите“.
Филип Билинг беше стрелец на голот, откако ја искористи лошата реакција во одбраната на Арсенал.
По првиот дел, Борнмут има водство од 0:1, токму со експресниот гол на Билинг.
Ова е втор најбрз гол во историјата на Премиерлигата. Шејн Лонг, кој постигна гол за Саутемптон против Вотфорд во 2019 година по 7,69 секунди, и понатаму останува на првото место.