Чилеанскиот голман, член на Манчестер сити, Клаудио Браво, ја заврши сезоната. Браво, по вчерашниот тренинг завршил в болница. Според информациите на медиумите тој ја скинал Ахиловата тетива.
Поради оваа повреда Чилеанецот ќе ја пропушти речиси целата сезона, што дополнително ги зголемува проблемите на менаџерот Пеп Гвардиола, кој уште еден одреден период нема да може да смета на услугите на Кевин Де Брујне.
Втор голман на Манчестер сити сега ќе биде 20-годишниот Даниел Гримшоу.