Top Sport

Атлетико Мадрид немаше милост за Севилја

Атлетико Мадрид ја декласира Севилја на домашен терен со 6:1 и се искачи на третата позиција на табелата во Ла Лига, надминувајќи го Реал Сосиедад. Тимот на Диего Симеоне немаше милост за гостите од Андалузија.

Мемфис Депај ги постигна првите два гола за Атлетико, а Ен Несири намали на 2:1 пред полувремето.

Сепак, во вториот дел Севилја доживеа дебакл. Алваро Мората беше двоен стрелец, а погодија и Антоан Гризман и Јаник Караско.

Иван Ракитиќ не реализира пенал, а Севилја го заврши мечот со десет фудбалери по исклучувањето на Геје во 81.минута.

Scroll to Top