Top Sport

Манчестер јунајтед: Мурињо ја има нашата поддршка

Челниците на Манчестер јунајтед имале целосна доверба во менаџерот, Жозе Мурињо, кој трпи критики поради неделниот пораз од Брајтон (3:2).

Играта на Манчестер јунајтед на дуелот со Брајтон беше далеку од она што е потребно „црвените ѓаволи“ да се вмешаат во борбата за шампионската титула.

Мурињо, според обложувалниците, ќе биде првиот менаџер во Премиер лигата што ќе добие отказ, а неколку недели се шпекулира дека него ќе го замени Зинедин Зидан.

„Нема потреба да дискутираме за Зидан кога не постои никаква понуда за работа“, изјаил неименуван функционер на Манчестер јунајтед.

Мурињо го критикуваше раководството во текот на преодниот рок бидејќи во клубот пристигна само Фред од Шахтјор и тинејџерот Диого Дало од Порто. Мурињо бараше од раководството уште двајца играчи, но неговите желби не беа исполнети.

Јунејтед во првите две кола има победа и пораз, а во наредната рунда ќе го пречека Тотенхем.

Ароганција, неподготвеност, погрешни засилувања… Може ли Мурињо да „преживее“?

Scroll to Top