Арон Ремзи по една деценија е подготвен да го напушти Арсенал. Договорот на Велшанецот со клубот истекува наредното лето, а тој нема намера да го продолжи.
Англиските медиуми тврдат дека Арсенал ќе го продаде Ремзи во јануарскиот преоден рок и дека тој најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Лацио.
Арсенал за овој фудбалер ќе бара околу 25 милиони евра, а за сега не е познато колкава сума е подготвен да издвои римскиот клуб за 28-годишниот фудбалер.
Доколку клубовите се договорат Рамзи од јануари ќе се пресели во Лацио, бидејќи трансфер периодот во Италија заврши на 17.август.