Top Sport

Никс по две продолженија победија во Бостон

Кошаркарите на Њујорк Никс, по две продолженија, славеа победа во дуелот со Бостон Селтикс. Емануел Квикли го одигра најдобриот натпревар во кариерата и го предводеше својот тим до победата во Бостон 131:129.

Квикли одигра 55 минути, постигна 38 поени, го следеа Џулиус Рендл со 31 поен и 9 скокови и Ар Џеј Барет со 29 поени и 11 скока.

Кај Селтикс се истакнаа Џејсон Тејтум со 40 поени, 11 скока и 6 асистенции, односно Џејлен Браун со 29 и Ал Хорфорд со 20 поени и 14 скока.

Лос Анџелес Клиперс ја прекина серијата од пет последователни порази откако на свој паркет го совлада Мемфис со 135:129. Дабал-дабл забележаа најдобрите играчи на Клиперс: Пол Џорџ и Каваи Ленард.

Џорџ беше најдобар во победничкиот тим со 42 поени и 11 скока, Ленард мечот го заврши со 34 поени и 10 скока.

Ова е прва победа за Клиперс со Расел Вестбрук во тимот. Рас имаше скромен учинок од 9 поени, 6 асистенции и 5 скока.

Поради суспензии кај Мемфис ги немаше Џа Морент и Дилон Брукс, најефикасен беше Дезмонд Бејн со 30 поени.

Резултати:

Далас – Феникс 126:130
Чикаго – Индијана 122:125
ЛА Лејкерс – Голден Стејт 113:105
Бруклин – Шарлот 102:86
Орландо – Портланд 119:122
Хјустон – Сан Антонио 142:110
Оклахома – Јута 129:119
Бостон – Њујорк 129:131 пр.
Вашингтон – Милвоки 111:117
ЛА Клиперс – Мемфис 135:129

Scroll to Top