Еден од најлошите трансфери на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, за италијанска „Република“, откри дека неговото искуство во клубот било погрешно од самиот почеток.
„Се беше погрешно од самиот почеток на мојот ангажман во Реал. Прерано го напуштив Ајнтрахт. Целото внимание беше насочено кон мене“, изјави Јовиќ.
Српскиот напаѓач смета дека му било тешко да се адаптира бидејќи бил премлад.
Имав само 21 година и ми беше исклучително тешко да се адаптирам. Повреди, коронавирус и нереален притисок… Беше несреќно искуство“, изјави Јовиќ.
Реал Мадрид, во 2019 година, на Ајнтрахт му плати 60 милиони евра за Јовиќ. За три сезони Јовиќ одигра само 36 натпревари за Реал и постигна три гола.
Минатото лето Јовиќ се пресели во Фиорентина.