Top Sport

Лајпциг без Нкунку против Манчестер Сити

Фудбалерот на Лајпциг, Кристофер Нкунку ќе биде надвор од терените до крајот на март поради повреда на мускулните влакна, пренесуваат германските медиуми.

Нкунку ја обнови повредата пред три дена во финишот на дербито против Борусија Дортмунд (1:2).
Францускиот фудбалер поради повредата ќе пропушти неколку натпревари во Бундеслигата, како и реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Во првиот осминафинален натпревар резултатот беше 1:1, а реваншот е закажан за 14 март во Манчестер.

Нкунку го пропушти Светското првенство минатата година во Катар поради повреда. Тој се врати на терените пред три недели, но ја обнови повредата на дуелот со Борусија.

Французинот оваа сезона за Лајпциг одигра 27 натпревари во сите натпреварувања и постигна 17 голови. Од следната сезона, Нкунку ќе го носи дресот на Челси.

Scroll to Top