Top Sport

Супер компјутерот го прогласи Арсенал за шампион

Супер компкутерот предвиде дека Арсенал ќе ја освои Премиер лигата. Во пресметките се земени во предвид аналитичките податоци, како што се очекуваните постигнати голови (xG) и очекуваните асистенции (xA), а по 100.000 симулирани резултати од англискиот шампионат, супер компјутерот пресметал дека први низ целта ќе минат играчие на Микел Артета.

Арсенал, во трката за титулата ќе го победи Манчестер Сити, а покрај овие два тима во Лигата на шампионите ќе играат и Манчестер Јунајтед, односно Њукасл.

Ливерпул ќе мора да се задоволи со квалификациите за Лига Европа, каде директено ќе оди Тотенхем.

Од Премиер лигата ќе испаднат Бортнмут, Евертон и Саутемптон.

Во Премиер лигата се играат 38 кола, а Арсенал е лидер по 26 рунди. Лондонскиот тим има 63 бода, пет повеќе од второпласираниот Манчестер Сити.

Манчестер Јунајтед моментално се трети со 49 бодови, а четвртиот Тотенхем има 45 и ја држи последната позиција која директно води во Лигата на шампионите. По историската победа над Јунајтед од 7:0, Ливерпул се најде на петтото место.

Прогнозата на супер компјутерот:
1. Арсенал
2. Манчестер Сити
3. Манчестер Јунајтед
4. Њукасл
5. Тотенхем
6. Ливерпул
7. Брајтон
8. Брентфорд
9. Фулам
10. Челзи
11. Астон Вила
12. Вест Хем
13. Лестер
14. Кристал Палас
15. Вулверхемптон
16. Нотингем Форест
17. Лидс
18. Борнмаут
19. Евертон
20. Саутемптон

Scroll to Top