Дебито на Кристијано Роналдо за Јувентус привлече одлични 2.3 милиони гледачи во Италија,со што ова е четвртиот најгледан меч во историјата на „Скај Италија“.
Португалецот дебитираше во 3:2 победата на Јуве над Киево на „Бентегоди“, каде што одигра 90 минути и не постигна гол.
Според „Газета дело спорт“, мечот привлече 2.330.234 „уникатни“ гледачи со процент од 11.9 отсто од луѓето кои гледале ТВ во тој момент. Ова е за 68 повеќе од гледачите кои ги привлече Јувентус минатата сезона, кога играа против Каљари дома.
Мечот исто така е четврт најгледан меч на „Скај Италија“ по Дерби Д’Италија (Јувентус-Интер) во 2013 и 2016 и Рома-Јувентус во август 2015 година.