Top Sport

Фетел: Не дојдов во Ферари поради Шумахер

Себастијан Фетел вели дека воопшто не сакал да го „копира“ својот славен германски сонародник Михаел Шумахер кога прејде во тимот на Ферари во 2015 година.

Фетел и Шумахер возеа еден против друг од 2010 до 2012 година, кога Шумахер направи неславен кам-бек со Мерцедес, а Фетел доминираше со тимот на Ред бул.

„Многумина сметаат дека мојот трансфер во Ферари беше обид да се обидам да направам нешто слично како Михаел.  Ако можам да дојдам блиску до успесите на Михаел би било фаантастично, но времињата се други и имав поинакви мотиви за мојата иднина“, вели Фетел.

Фетел во кариерата има 51 победа, 106 подиуми, 55 пол-позиции и 34 најбрзи кругови, со што сигурно ќе биде запаметен меѓу легендите на спортот, но Фетел открива дека не бил сигурен дали има иднина во мотоспортот.

„Кога растев и се тркав во малите категории, не можеа да ме убедат дека можам да имам кариера во тркањето. Затоа се фокусирав чекор по чекор. Целта беше да се дојде во Формула 1, но и дури кога дојдов во Торо росо не бев сигурен дали ќе ме ’биде’. По неколку години, сфатив дека имам кариера, претходно беше како некое чудно хоби“, вели 31-годишниот Германец, кој овој викенд ќе ја стартува 211. трка во кариерата.

Scroll to Top