Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Одион Игало му советуваше на нигерискиот сонародник, Виктор Осимен да потпише за „ѓаволите“ и да формира опасно партнерство со Маркус Рашфорд.
33-годишниот Игало, кој помина една сезона на позајмица во Јунајтед како прв Нигериец кој заиграл за клубот, вели дека Игало по фантастичната сезона со Наполи мора да мисли на поголем клуб и дека би бил совршен во Манчетер јунајтед.
„Мислам дека тоа е добра дестинација бидејќи тој е младо момче, трча и знае да постигнува голови. Со Осимен и Рашфорд, сите дефанзивци ќе се плашат од Јунајтед поради нивната брзина пред голот. Ако ме запраша за совет би му советувал да оди во Ман јунајтед, за мене не постои поголем клуб“, вели Игало за „Скај спортс“.
Доколку го сакаат 24-годишниот Осимен, Јунајтед ќе мора да платат висока цена од над 100 милиони евра, бидејќи Наполи имаат догорочен договор со напаѓачот кој има 21 гол во 26 меча оваа сезона.