Top Sport

Кампацо и Звезда го „уништија“ Ефес

Факундо Кампацо ја покажа својата умешност, а Црвена звезда стигна до импресивна 92:75 победа над актуелниот шампион во Евролигата, Анадолу Ефес во Белград.

Во своето домашно деби за Звезда, Кампацо постигна 22 поени (7-од-8 во игра) и додаде седум асистенции за фантастичен триумф над турскиот клуб. Поразот тешко му падна на тренерот Ергин Атаман, кој во поголемиот дел од мечот се расправаше со судиите за да биде исклучен со втората техничка грешка во последната четвртина.

За Ефес, кои беа без повредените Василије Мициќ и Шејн Ларкин, Анте Жижиќ беше најефикасен со 16 поени, а Родриг Бобоа додаде 15 поени.

ЕВРОЛИГА, 27.КОЛО
Макаби Тел Авив – Фенербахче 78:74 (17:25, 26:14, 18:17, 17:18)
Црвена звезда – Анадолу Ефес 92:75 (20:25, 29.20, 19:22, 18:8)

Scroll to Top