Пол Погба е исфрлен од составот на Јувентус за вечерашниот натпревар против Фрајбург во осминафиналето на Лига Европа.
Францускиот играч за врска ги прекрши клупските правила. Фабрицио Романо известува дека синоќа задоцнил на тренингот и дека тренерот Масимилијано Алегри решил да го казни со исфрлање од тимот.
Погба, минатото лето се врати во Јувентус како слободен играч, имаше тешка операција на коленото и забележа само два настапи оваа сезона.
Неодамна „Скај спорт“, објави дека Јувентус планира да го продаде Погба во летниот преоден рок.