Талентот на Баерн Минхен, Џамал Мусијала открива дека не успеал во обидот да го добие драгоцениот дрес на Лионел Меси по 2:0 победата на бундеслигашот над Пари Сен-Жермен во Лигата на шампиони.
Мусијала излезе од игра во 82. минута за да биде заменет со Садио Мане, но по крајот на мечот го побара Аргентинецот, и беше заблежан како разговара со Меси, и доби порака да го побара во тунелот. Сепак, 20-годишниот Мусијала по мечот изјави дека не можел да го најде Меси.
„Не успеав да го најдам. Еве видете во торбата, имам само храна, мојот перек“, изјави Мусијала.
Musiala asked for Messi’s shirt and Messi told him come for it in the dressing room, Classmessi 🤝 pic.twitter.com/8ZwKGksTc4
— Zlatan (@emsarfo21_) March 9, 2023