Легендата на македонската и југословенската кошарка, Јанко Луковски ќе му биде стручен советник на младиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов во подготовките за враќањето на шампионската титула.
Луковски ќе биде помошник во првиот тим, но и ќе работи со тренерите кои работат на младинската школа на МЗТ Скопје, држејќи семинари и водејќи улога на ментор.
Луковски е поранешен кошаркар на МЗТ Скопје (од 1976 до 1978 година), но и тренер во сезоната 1997/98, а последните две децении работи со својата кошаркарска школа во Србија.
Фото: МЗТ Скопје