Напаѓачот на Миан, Рафаел Леао побарал огромно зголемување на платата во преговорите за обнова на договорот со спортските директори Паоло Мадини и Рики Масара, барање кое може да заврши со продажба на Португалецот.
Според „Ла газета дело спорт“, Леао барал годишна плата од 7.5 милиони евра по сезона и бонус за потпишување од околу 2 милиони евра, што би претставувало зголемување од над 5 милиони евра, бидејќи во моментов тој заработува 1.8 милиони евра по сезона. Леао има договор со Милан до 2024 година и преговорите со неговите агенти и со негвото семејство траат повеќе месеци.
Леао исто така сака да ја намали откупната клаузула во договорот, која стои на 150 милиони евра на 80 милиони евра, сума која многу богати премиерлигаши би ја платиле. Манчестер сити и Челси подолго време се заинтересирани за напаѓачот.
Leao-Milan, riparte il dialogo: le nuove condizioni di Rafa https://t.co/XXkYSIJPRI
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) March 10, 2023