Top Sport

На Де Хеа му „пречи“ топката која се користи во Лига Европа?

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг тврди дека топката која се користи во Лига Европа можеби е виновна за слабите шутови на голманот Давид де Хеа на мечот против Реал Бетис.

Де Хеа имаше неколку лоши обиди при 4:1 победата на „ѓаволите“ во првиот меч од осминафиналето на Лига Европа во четвртокот, и Тен Хаг вели дека ќе зборува со него, но посочи дека поинаквата топка и ветерот на „Олд Трафорд“ придонеле за лошата вечер на Шпанецот.

„Не можеме да го игнорираме тоа, но мислам дека во повеќе мечеви беше добар. Не ја знам причината. Имаше ветер, поинаква топка, со која имаше проблем. Давид работи на тоа и ќе биде подобар“, вели Тен Хаг.

Додека во Премиерлигата се користи „Најк флајт“ топката, со ветување за 30 отсто подиректен лет, официјалната топка во Лига Европа е изработена од јапонската компанија „Молтен“ со таканаречен „енергетски бран“ со уникатна технологија за целосно мазна топка.

Scroll to Top