По контроверзниот пенал што беше досуден за Ливерпул, во понеделникот против Кристал Палас, се огласи и поранешниот челник на Тотенхем, Алан Шугар.
Овој бизнисмен го нарекол напаѓачот на Ливерпул, Салах, измамник.
„Мо Салах треба да конкурира за натпревар во скокови во вода на Олимписки игри. Измамник“, напишал Шугар на социјалната мрежа „Твитер“.
Пеналот што беше досуден во финишот на првиот дел во гол го претвори Џејмс Милнер, а подоцна Садио Мане го постави конечниот резултат 2:0 за Ливерпул.