Top Sport

ЛШ: Звезда не направи предност против Салцбург, ПАОК со добар резултат во Португалија (видео)

Српскиот шампион, Црвена звезда не успеа да направи предност против австрискиот шампион Салцбург во првиот меч од баражот за пласман во групната фаза на Лигата на шампионите, одигрувајќи 0:0.

Пред празниот „Рајко Митиќ“ поради казната на УЕФА за проблемите со навивачите, Звезда одигра тесен натпревар против тимот кој ја елиминираше Шкендија во претходното коло, иако имаше две одлични шанси во последните 20 минути од натпреварот.

ПАОК од Солун пак, може да се надева на пласман во ЛШ, откако успеа да извлече 1:1 реми на гостувањето во Португалија кај Бенфика, додека најмногу голови имаше во Белорусија, каде што ПСВ Ајндховен стигна до 3:2 победа над БАТЕ Борисов.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, 1.НАТПРЕВАР

БАТЕ Борисов (Блр) – ПСВ Ајндховен (Хол) 2:3

Бенфика (Пор) – ПАОК (Грц) 1:1

Црвена звезда (Срб) – Салцбург (Авт) 0:0


Scroll to Top