Во 24. коло од португалскиот шампионат, пред домашните навивачи во Лисабон, Спортинг со убедливи 3:0 славеше против деветтопласираната Боависта. Натпреварот го обележа спектакуларниот гол на крилниот напаѓач, Нуни Сантос.
28. годишникот, во 17.минута, постигна спектакуларен гол со рабона. Голот на Сантос веројатно ќе биде кандидат за наградата „Пушкаш“.
До крајот на натпреварот Спортинг ја потврди победата со автоголот на Салвадор Агра и голот на Паулињо.