Фудбалскиот клуб Барселона, во Париз испратил богата понуда за евентуалниот трансфер на Адриен Рабио на „Камп Ноу“.
Каталонските медиуми тврдат дека до челниците на ПСЖ била испратена понуда од 55 милиони евра.
Рабио има да одработи уште едена година од актуелниот договор со ПСЖ, а бидејќи тој ги одби можностите да потпише нов, веројатно клубот ќе го продаде за да заработи нешто од неговиот трансфер.
Сумата што ја нуди Барселона ќе ги намали расходите и ќе придонесе ПСЖ да го испочитува финансискиот фер-плеј на УЕФА.
Барселона ова лето остана без неколку играчи од средниот ред (Иниеста, Андре Гомеш, Паулињо), а на „Камп Ноу“ пристигнаа Артур и Артуро Видал. Со евентуалниот трансфер на Рабиот, тренерот Ернесто Валверде, ќе го комплетира ростерот за оваа сезона.